Денови на глаголицата во Истра
Заедницата на Македонците од Хрватска и Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, ја организираат манифестацијата „Денови на глаголицата во Истра“.

Уште една активност во областа на културата во дијаспората. Заедницата на Македонците од Хрватска и Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, ја организираат манифестацијата „Денови на глаголицата во Истра“.
Составен дел на програмата за овој настан- поезија и песна во автобус, Алеја на глаголицата со флејта и водител, Академска вечер- „Св. Кирил и Методиј“, предавање за глаголицата, промоција на книгата „Во прегратка на љубовта“ од авторката Мирјана Мајиќ, промотор Милена Златеска, со хорот и оркестарот на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Пула.
Покровители на оваа манифестација се Советот за национални малцинства на Република Хрватска, Истарската жупанија и градот Пула.
Аида Николовска
