Ердоган им се заканува на противниците
31.03.2014 09:27
Порача дека „ќе ја платат цената“ сите што заговарале негово симнување од власт...

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, откако прогласи победа на неговата Партија на правдата и развојот на локалните избори, им се заканува на противниците.
Порача дека „ќе ја платат цената“ сите што заговарале негово симнување од власт. И покрај големото обезбедување на изборите, во две села беа убиени 8 луѓе, а многумина се повредени, во судир на противнички кандидати за градоначалници.
Според првичните резултати, партијата на правдата и развојот освои меѓу 44 и 46 проценти од гласовите, а главната опозициска републиканска партија меѓу 23 и 28 проценти.
