Ковид-19
Бугарија со рекорден број починати од Ковид-19 во еден ден
09.11.2021 10:49
Поради влошена епидемиолошка состојба, Словенија ги заостри мерките.

Бугарија со рекорден број починати коронавирусот во еден ден. Земјата со најнизок процент на вакцинираност во Eвропската унија се обидува да се справи со четвртиот бран на епидемијата.
Поради влошена епидемиолошка состојба, Словенија ги заостри мерките. Се воведува строга контрола на потврдите за ковид заедно со документ за идентификација, баровите ќе работат со ограничено време, а дискотеките и ноќните клубови одат под клуч. Забранети се и собири надвор од кругот на семејството.
Во светот од Ковид-19 починале над 5 милиони 72 илјади лица.
