Регион

КФОР: Моменталната ситуација на Косово е стабилна

09.11.2021 11:12

Меѓународните мировни сили го поздравија неодамнешниот договор во Брисел со кој се реши ситуацијата на северот што настана мерката за реципроцитет за регистерските таблички.

КФОР оцени дека моменталната ситуација на Косово е генерално стабилна. Меѓународните мировни сили го поздравија неодамнешниот договор во Брисел со кој се реши ситуацијата на северот што настана мерката за реципроцитет за регистерските таблички.

НАТО засега нема планови за промена или намалување на мисијата која се состои од над 3.700 војници од 20 членки на НАТО и осум земји партнери.