Холандскиот премиер Руте утре во посета на земјава

09.11.2021 11:20

Посетата е во време на политичка криза и ден пред гласањето за доверба на Владата во Собранието.

Утре во посета на Македонија доаѓа холандскиот премиер Марк Руте. Ова е прва посета на шефот на холандската влада на земјава, кој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

Посетата е во време на политичка криза и ден пред гласањето за доверба на Владата во Собранието.

Холандскиот премиер пред еден месец на самитот ЕУ- Западен Балкан во Брдо, Словенија, порача дека неговата земја ќе стори сѐ што е во нејзина моќ за да го одблокира почетокот на преговорите за Македонија.

Руте тогаш изрази надеж дека тоа би требало да се случи по завршувањето на изборите во Бугарија во ноември.