Свет
Пакистан: Едномесечен прекин на огнот со Талибанците
09.11.2021 11:48
Примирјето ќе биде во сила од 9-ти ноември до 9-ти декември, при што двете страни ќе формираат комитет за продолжување на преговорите.

Пакистанските власти објавија едномесечен прекин на огнот со Талибанците. Примирјето ќе биде во сила од 9-ти ноември до 9-ти декември, при што двете страни ќе формираат комитет за продолжување на преговорите.
Оваа вооружена група стои зад бројните напади врз безбедносните сили и цивилите во последните 14 години.
