Народна банка: Макроекономските проекции непроменети во однос на априлскитe
Во оваа и следната година, економската активност ќе расте со идентична стапка од 3,9 проценти и постепено ќе достигне 4 насто, на среден рок. Инфлацијата е умерена од 3,1 насто...

Макроекономските проекции непроменети во однос на априлскитe. Во оваа и следната година, економската активност ќе расте со идентична стапка од 3,9 проценти и постепено ќе достигне 4 насто, на среден рок. Инфлацијата е умерена од 3,1 насто, наспроти претходните прогнози за раст на цените од 2,2 отсто.
Народната банка го објави кварталниот извештај. За следната година се очекува целосно враќање и надминување на преткризното ниво. Доколку не се стабилизира, Централната банка има резервно сценарио.
Ангеловска- Бежоска рече дека по падот на БДП од 4,5 отсто минатата година, економскиот раст во првото полугодие годинава изнесувал 3,2 отсто, наспроти претходните очекувања дека тој ќе изнесува 5,4 отсто.
Во однос на структурата на растот, позитивно влијание ќе имаат сите компоненти, како личната побарувачка, која се очекува годинава да биде поголема за 7 отсто, а во наредните години да има поумерено темпо од околу 3,5 отсто, потоа раст на извозот и тн.
Ризиците за растот генерално се поврзани со текот на пандемијата, нарушувањата на синџирите на снабдување, како и енергетската криза.
Од централната банка очекуваат во текот на наредната година да дојде до стабилизирање на состојбите во енергетскиот сектор.
