Енергетика

РЕК Битола повторно произведува струја

09.11.2021 12:35

Синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, соопштија денеска од АД ЕСМ.

РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија. Синоќа во три часот по полноќ Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, соопштија денеска од АД ЕСМ.

Оттаму истакнуваат дека продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2 кој беше во ремонт. Се очекува, најавуваат, до крајот на неделата и оваа постројка да биде вклучена во мрежата.