Почнува снимањето на филмот „Долу од рајот“ на Саша Станишиќ

31.03.2014 09:33

Македонскиот режисер Саша Станишиќ од денеска почнува со снимање на краткометражниот филм со работен наслов „Долу од рајот“.
 
Филмот ќе се снима на локации во Битола по сценарио на Кристина Христова-Николова.
 
Инаку, ова е трет краткометражен филм на Станишиќ, по филмовите „Митот за Сара“ и „Скопје Ремиксд (Мангава Диско Панк)“.
 
Во главните улоги се појавуваат Ана Ошафкова, Зоран Бојаровски, Кристина Христова-Николова и Соња Ошафкова. Директор на фотографија е Горан Наумовски, сценограф Влатко Зафирковски, а костимограф Бурим Муслиу.
 
Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, Националниот филмски центар на Бугарија и СЕЕ Синема Нетворк.