Владата решава за енергетската кризна состојба
Најавена е прес- конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. Тој претходно соопшти дека има средства за да се интервенира, а во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од Буџетот.

На владина седница одлуката за прогласување енергетска кризна состојба, но според најавите, без рестрикции. Надлежните тврдат дека засега кризата е под контрола. РЕК Битола повторно е во погон. Отстранет дефектот на блокот еден, а блокот два до крајот на неделата треба да биде приклучен во мрежата.
Најавена е прес- конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. Тој претходно соопшти дека има средства за да се интервенира, а во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од Буџетот.
Владата на 30-ти октомври донесе Уредба за прогласување кризна состојба при недостиг на електрична енергија, а како што објаснија тогаш од Министерството за економија таа е донесена со цел нејзино усогласување со одредбите на Законот за енергетика.
Во опфатот на оваа Уредба, како што информираа од ресорното Министерство, се определени и правата и обврските на учесниците на пазарот во услови на кризна состојба и се вклучени сите учесници на пазарот, а не како претходно само државните енергетски компании.
Прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор неодамна побара и бизнис заедницата.
