Здравство

Во болницата во Козле две деца заразени со Ковид-19 се на кислородна поддршка

09.11.2021 13:30

Сите деца се во добра општа состојба и се возраст од два месеци до 16 години...

Во Институтот за белодборни заболувања кај децата – Козле се хоспитализирани 21 дете заболено од Ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба, изјави за МИА директорот Бесник Зеќири.

Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години.

Од заболените деца, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка, додаде д-р Зеќири.