Раст на економијата од 4,9%, нагорна проекција на инфлацијата од 3,1%
Макроекономските проекции непроменети во однос на априлските. Во оваа и следната година, економската активност ќе расте со идентична стапка од 3,9 проценти и постепено ќе достигне 4 насто, на среден рок. Инфлацијата умерена од 3,1 насто. Народната банка го објави кварталниот извештај. За следната година се очекува целосно враќање и надминување на преткризното ниво. Доколку не се стабилизира, централната банка со резервно сценарио...

Умерена нагорна проекција на инфлацијата од 3,1 процент, под притисок на цените на светските пазари, енерегетската криза и нарушените синџири на снабдување проектира Народната банка. Се движи во контролирани рамки, поизразени шокови засега не се очекуваат, нема потреба од инстантни реакции. Состојбата се следи, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на енергетскиот сектори в година, вели гувернерката Бежоска.
Раст на македонската економија од 3,9 насто годинава и постепено закрепнување до 4 проценти на среден рок предвидува Народната банка. Проекциите се на ниво на априлските. Се очекува раст на домашната потрошувачка од 5,4 на 7 насто, на инвестициите до 10 проценти, на увозот зголемување до 11 проценти.
Државните резерви се тешки 3,6 милијарди евра, гаранција за стабилноста на денарот, велат од централната банка. Дефицитот е во умерени рамки, ќе изнесува 3,8 насто од БДП, велат од Народната банка.
Сузана Фиданска Стоевска
