Пандемија

Драматична состојбата во Европа со Ковид-19

09.11.2021 14:58

Бугарија, земјата со најнизок процент на имунизарно население во Eвропската унија, има рекорден број починати во еден ден. Поради влошената епидемиолошка состојба, во Словенија се воведува строга контрола на потврдите за Ковид, а забранети се и собири надвор од кругот на семејството.

И по речиси две години пандемијата со Ковид-19 сѐ уште не стивнува. Драматична е состојбата на стариот континент. Бугарија, земјата со најнизок процент на имунизарно население во Eвропската унија, има рекорден број починати во еден ден. Поради влошената епидемиолошка состојба, во Словенија се воведува строга контрола на потврдите за Ковид, а забранети се и собири надвор од кругот на семејството.

Драматично и во Руската Федерација. Регистриран нов црн рекорд на заболени и починати. Во едно деноноќие битката со болеста ја загубиле над 1.200 луѓе.

„На почетокот рекоа дека коронавирусот не е ништо, дека е обичен грип. Една година подоцна луѓето во светот се уште се опоравуваат од тоа, а ние умираме. Зошто умираме? Со нашата вакцина, со нашето здравство, зошто?“

„Ние веруваме во науката, веруваме дека вакцината може да го намали бројот на инфицирани и да ја запре пандемијата.“

По два месеца без епидемиолошки мерки, Данска повторно воведува ковид пропусници. Кинескиот град Хеихе, пак, понуди награда од 13.500 евра за информации за потеклото на коронавирусот.