Свет
Тајван: Кина ја користи тактиката „сива зона“
09.11.2021 15:33
Во извештајот се посочува дека Пекинг настојува да ја преземе контролата врз островот, преку вршење притисок врз воените капацитети и преку влијание врз јавното мислење.

Министерството за одбрана во Тајпеј објави извештај во кој се оценува дека Кина ја користи тактиката „сива зона“ за да го зајакне притисокот врз Тајван.
Во извештајот се посочува дека Пекинг настојува да ја преземе контролата врз островот, преку вршење притисок врз воените капацитети и преку влијание врз јавното мислење.
Според нив, стратегијата на Кина вклучува кибер-војување, пропаганда и кампања за меѓународна изолација на Тајван за да ги принуди тамошните власти да ги прифатат условите на Пекинг, но притоа да не дојде до војна.
