Енергетска кризна состојба, но без рестрикции
Како што беше најавено, прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор. Владата реши да трае 30 дена, но без рестрикции. За јавните претпријатија од оваа област обезбедени четири милијарди денари. Задоцнети мерки, сметаат експертите...

Енергетска кризна состојба во наредните 30 дена. Владата на седницата го прифати предлогот на Комисијата за следење на состојбата со електричната енергија. Според министерот за економија Бектеши, нема рестриктивни мерки. Речиси 65 милиони евра ќе се вбризгаат во енергетските компании за да се стабилизира пазарот на струја и да се заштитат граѓаните.
За претседателот на Стопанската комора за енергетика, Манасков, мерката се носи со задоцнување. Недостигот на електрична енергија и високата цена на берзите вели ќе удри по џебот на граѓаните.
Од ЕСМ информираа дека РЕК Битола е ставен во функција и продолжува со производство на електрична енергија. Оттаму велат дека се прават напори за профункционирање и на вториот блок.
Дијана Ценевска
