Нови 677 случаи со Ковид-19, почианти 13 лица
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255, а бројот на активни случаи изнесува 8.006.

Во последните 24 часа направени се 3.317 тестирања, а регистрирани се 677 нови случаи на Ковид-19, во Скопје – 279, Битола – 86, Прилеп – 34, Куманово – 30, Кавадарци – 28, Велес – 25, Кочани – 22, Делчево – 21, Тетово – 18, Гевгелија – 13, Крива Паланка и Радовиш – по 12, Ресен и Берово – по 10, Демир Хисар – 9, Кичево и Неготино – по 8, Гостивар и Кратово – по 7,Штип – 6, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Охрид, Валандово ,Богданци и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2,Струмица – 1.
Регистрирани сe 517 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (61г, 70г, 74г, 80г и 86г), и по едно починато лице од Кочани (83г), Битола (79г), Куманово (76г), Прилеп (87г), Велес (77г), Пробиштип (73г), Демир Хисар (47г) и Кавадарци (66г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, бројот на оздравени пациенти е 191.649, на починати е 7.255, а бројот на активни случаи изнесува 8.006.
Досега во земјата се направени вкупно 1.412.395 тестирања на Ковид-19.
