Промовирана студија за Велес
Промовирана студија за настаните во Велес и велешко од 1941 до 1991 година. Во неа е објаснето местото на Велес во економскиот развој на Македонија во тој период, но уште повеќе за личностите кои поради различните политички ставови завршиле на Голи Оток...

Проучени и објавени во историска студија се настаните кои во Велес и велешко се случувале во период од 1944 до 1991 година. За историчарите оваа книга е почетната читанка во која преку многу пишани документи и фотографи, систематизирани се многу настани, некои дури за прв пат и јавно достапни за сите истражувачи.
„Егекуцијата на 53 велешани,велешаните кои биле на Голи оток значи припадниците на организацијата на ВМРО кои се формирале после војната во велес исто така агреарната реформа, колонизацијата значи низа прашања кои се однесуваат на повоената историја а немаат иисториографски третман“,рече професор д-р Виолета Ачковска, автор на студијата.
Читајки ја книга се осознаваат фактите дека Велес имл значајно место во македонското битисување во периодот која професорката Ачковска го истражувала повеќе од три години.
„Ова е историска стуја која има свои тези, хипотези кои имаат свои извори и документација и мислам дека е едно од ретките дела во Македонија“, изјави проф.д-р Димитар Мирчевски,промотор.
Студијата „Велес и Велешко (1944 – 1991)“ неодамна излезе од печат. Покрај нејзиното огромно историско значење за Велес, очекувањата се дека ќе биде потик за што повеќе истражувања да се преточат во дела кои имаат трајни вредности за Македонија и македонскиот народ.
Дијана Иванова
