Холандскиот премиер Марк Руте во прва официјална посета на земјава
Руте во земјава пристигнува во рамките на турнејата на регионот, каде што беше во посета на Грција и на Албанија.

Холандскиот премиер Марк Руте денеска е во прва официјална посета на земјава. Ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со претседателот Стево Пендаровски. Се очекува во фокусот на разговорите да бидат добрите билатерални односи, европската соработка, развојот на настаните во регионот и соработката во НАТО.
Руте во земјава пристигнува во рамките на турнејата на регионот, каде што беше во посета на Грција и на Албанија.
На почетокот на самитот ЕУ- Западен Балкан што се одржа во Словенија минатиот месец, холандскиот премиер Руте кажа дека не е задоволен од бугарската позиција кон Македонија, истовремено блокирајќи го почетокот на преговорите со Албанија.
Рече дека се надева оти по изборите во Бугарија закажани за 14-ти ноември ќе биде отстранета блокадата за почетокот на пристапните преговори со ЕУ.
