Расте бројот на нови случаи со Ковид-19
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, починаа 7.255 лица.

За десет дена бројот на активни случаи се зголеми за околу 1.300 и достигна до 8.006 случаи. Во псоледната ковид статистика се регистрирани нови 677 заболени од Ковид-19 од направени 3.317 тестирања. Починаа 13 лица, а 517 пациенти оздравеле.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.910, починаа 7.255 лица.
Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 насто, а со две дози се опфатени 46 проценти од граѓаните.
Во однос на аплицирањето вакцини на целата популација, вакцинирани се 39 насто, а две дози вакцина примиле 37 проценти од популацијата.
