Мигрантски бран

Литванија: Вонредна состојба на границата со Белорусија

10.11.2021 09:51

Вонредната состојба ќе важи и за сместувачките капацитети за мигранти на кои изминатиов период имаше неколку инциденти за кои властите рекоа дека најверојатно биле координирани со акцијата на белоруската граница со Полска.

Стапи во сила едномесечната вонредна состојба долж Литванско- белоруската граница за да се спречи мигрантски бран. На границата се распоредени околу 1.200 армиски војници. Нивото на готовност е подигнато, а времето за одговор скратено.

Вонредната состојба ќе важи и за сместувачките капацитети за мигранти на кои изминатиов период имаше неколку инциденти за кои властите рекоа дека најверојатно биле координирани со акцијата на белоруската граница со Полска.

Во меѓувреме, две големи групи мигранти успеале да ја пробијат оградата на границата меѓу Белорусија и Полска. На белоруската страна има стотици мигранти. Полска одбива да прифати мигранти на нејзина територија, па во последните недели испрати стотици припадници на своите сили на границата и подигна бодликава жица, во обид да спречи секој обид на мигрантите да се пробијат.