Македонија

Влијанието на пандемијата врз науката

10.11.2021 10:16

Македонското научно друштво го одбележува Mеѓународниот ден на науката со низа настани. Собирот „Влијанието на пандемијата врз науката“ е најверојатно квалитетен обид да се разјаснат непознаниците за причините и последиците на коронакризата...

Од начинот на исхраната, преку стресот, па сѐ до економските случивања, 28 автори на научни трудови даваат одговор на тоа како пандемијата влијаеше на науката, но и колку науката со научни анализи ги евидентира главно негативните појави што произлегуваја од неа.

Првичната паника се изрази на количинското купување и начинот на припремање на храна. Се посегна по антиоксиданси да се зголеми имунитетот. Но, ограниченото движење пидонесе за други аномалии, вели авторката на научниот труд, Невена Груевска.

Кога е во прашање здравјето најмногу претрпи менталното здравје. Стресот евидентен и кај здравствените работници, но и кај сите возрасни категории. Повеќе трпеа екстравертнте од интровертните личности. Депресивноста посебно до израз кај младите.

Истржувањата покажаа дека пандемијата влијае и врз работата на научните работници.

Останатите тематски трудови ќе бидат обазложени на научно- стручниот собир, настан кој најстарата научна установа во земјава го посвети на јубилејот- 100 години од раѓањето на академик Блаже Конески.

Стевче Митревски