МОН: Науката и истражувањето се носители на напредокот во општеството
Денеска кога светот го одбележува Меѓународниот ден на науката -10 ноември, потсетуваат дека МОН гради систем кој ќе обезбеди континуитет во вложувањето во науката.
Се преземаат конкретни чекори и посветува огромно внимание на развојот на науката, истражувањето и иновациите кои се клучни носители на севкупниот општествено – економски напредок на државата и еден од основните услови за интеграција во Европската унија, велат од Министерството за образование и наука.
Денеска кога светот го одбележува Меѓународниот ден на науката -10 ноември, потсетуваат дека МОН гради систем кој ќе обезбеди континуитет во вложувањето во науката.
Во таа насока е и зголемувањето на процентот од БДП што се двои за науката и во континуитет се зголемува секоја година. Ако во 2018 година беа одвоени 252 милиони денари за наука, во 2019 – 295 милиони денари, во 2020 – 300 милиони денари, во 2021 година во буџетот имаме над 400 милиони денари.
Работиме на целосна промена на начинот на финансирање на научно истражувачката дејност преку воведување програмско и планско финансирање и продолжување на грантовото финасирање, велат од МОН.
