Расте интересот за трета доза вакцина во струшко
Се згoлемува интересот за трета доза вакцина во струшко. После период на стагнација повторно има интерес и за прва доза вакцина. Досега со прва доза во Струга имунизирани се над 15.000, а со две дози 12.000 граѓани...

Расте интересот за трета доза вакцина против корона вирусот во струшко. Од втората половина на октомври, над 550 лица примиле трета - бустер доза. Најголем инетрес има кај повозрасната популација, но и кај лица со хронични заболувања и здравствствени работници.
Досега во Струга со прва доза имунизирани се над 15.000 граѓани, а со две дози 12.000 стружани.
„Оваа недела гледаме дека се зголемува интересот е сега тоа зависи и од тоа кога се примиле прва доза кинеските по три месеци, со Фајзер после шест, межутоа факт е дека расте бројот. А со прва доза? И тука гледаме некој пораст“, вели Андон Ложанкоски, директор на Здравствен дом Струга.
За вакцинација најголем интерес има од повозрасната популација, а најмал кај децата од 12 до 18 години. Здравствените работници апелираат на што помасовна имунизација и поголема заштита.
„Има и млади кои се вакцинираат, е сега онаа категорија од 12 до 18 години не многу, но од 18, 19 години младите да, се заинтересирани. Апелот е едноставен и реален, масовна вакцинација, што повеќе да се вакцинираат. Да се обрати внимание на слави, имендени, помалку контакти“, додава Ложанкоски.
Состојбата со корона вирусот во струшко е стабилна, само четири лица се хоспитализирани од кои три се на кислородна поддршка, а најмладиот има 46 години.
Соња Рилковска
