Свет
Силно снежно невреме направи хаос на североистокот од Кина
10.11.2021 12:11
Снежните врнежи заедно со силниот ветер кои почнаа од неделата го ставија на готовс специјалниот тим за одговор при итни случаи.

Североисточните кинески провинции ги засилија мерките против континуираната снежна бура која сериозно го прекина локалниот сообраќај и нормалниот живот.
Снежните врнежи заедно со силниот ветер кои почнаа од неделата го ставија на готовс специјалниот тим за одговор при итни случаи.
Автопатите и училиштата се затворени, а невремето создаде проблеми и со снабдувањето електрична енергија на повеќе од 800 илјади домаќинства.
