Во последнава декада се конфискувал имот само во Скопје
Во последнава декада, во земјава се конфискувал имот само во Скопје. Зошто ова почесто не се применува, има повеќе причини- слабиот капацитет на институциите, недореченоста во законите коишто создаваат проблеми на терен. Имотот што ќе се конфискува пак, честопати е врзан со банкарски хипотеки, залог или претстечајни постапки...

Во последните 10 години, освен во Скопје, во ниеден град низ државата не е изречена мерката конфискација на имот, открива професорот Тупанчевски. Како причини за ова, тој ги наведува правните недоречености во легислативата, слабата меѓуресорска соработка и недоволните капацитети на институциите.
И Аврамовски од Коалицијата сите за правично судење, смета дека треба да се унапредат законите, затоа што како што вели, овие нејаснотии влијаат врз практичната работа и придонесуваат кон неискористеност на мерката - конфискација.
Од Агенцијата за управување со одземен имот велат дека најголемиот дел од имотот што се одзема со правосилна судска пресуда се донира на државните институции, а еден дел се продава на аукција.
Конфискацијата се соочува и со голем проблем на извршувањето, велат познавачите, затоа што често пати имотот кој треба да се одземе е оптоварен со банкарски хипотеки, залог или претстечајни постапки.
Анита Димитријевска Велковска
