„Омразата не е твој стил“ - кампања за подигање на свеста против нетолеранцијата и омразата
Зголемување на јавната свест и прифаќање на мултиетничкото општество, да се отфрли насилството и дискриминацијата, да се разговара за последиците и штетноста од говорот на омраза, особено кај младата популација. Мисијата на ОБСЕ организира кампања „Омразата не е твојот стил“...

Прифаќање на мултиетничко и разновидно општество, а отфрлање на насилството и дискриминацијата. Да се зголеми јавната свест, особено кај младите за последиците и штетата од дискриминацијата, говорот на омраза и стереотипите. Тие се сериозна пречка во подобрувањето на меѓуетничките односи. Ова се пораките од кампањата „Омразата не е твој стил“, организирана од мисијата на ОБСЕ.
Ги повикуваме младите да ги прифатат комплексностите на животот и да знаат дека негативното однесување не може да биде одговор на она што е 21 век и предизвиците на современото општество- став на Владата.
Граѓаните да разговараат за разликите и за сложеностите на нашето општество. Стратегијата и нашите политики за едно опшество за сите, се клучните стожери на јавните политики на Владата. Со нив ги адресираме сите проблеми, аномалии, препораки и недостатоци кои беа констатирани од различните меѓународни институции.
Александра Спировска
