Скрининг

Од 5.000 тестирани ученици само 15 биле позитивни

10.11.2021 13:27

Сега е исклучително битно во периодот кој следи сите овие протоколи кои се пропишани да важат во училиштата, да се почитуваат како што треба за да се заштити целокупниот образовен процес, додаде Филипче.

Скринингот е завршен во најголемиот број од училиштата во државата, соопшти денеска министерот Филипче.

Тестирани се над 5.000 ученици, а 15 биле позитивни на вирусот. Сега е исклучително битно во периодот кој следи сите овие протоколи кои се пропишани да важат во училиштата, да се почитуваат како што треба за да се заштити целокупниот образовен процес, додаде Филипче.

Статистиката покажува дека 1.068 малолетници во државава во моментов имаат Ковид-19. Во Институтот за белодробни заболувања во Козле се лекуваат 23 деца, само две се на кислородна поддршка и ниту едно не е во критична состојба. Во Козле е хоспитализирано и двомесечно бебе со Ковид-19.