Аналитичари: Посетата на Руте- поддршка за почеток на преговори
Прва официјална посета на холандски премир во земјава. Руте на средба со премиерот Заев и претседателот Пендаровски. Аналитичари велат дека холанскиот премиер доаѓа како поддршка на земјава за евроинтегративниот пат...

Значајна посета од една од највлијателните членки на ЕУ, оценува амбасадорот Нано Ружин, коментирајќи го доаѓањето на холандскиот премиер Марк Руте во земјава. Тој смета дека Руте носи важни пораки, признание за досегашните напори за приближување кон ЕУ, но и поддршка за владата и за премиерот Заев да останат на кормилото на евроинтегративниот пат.
Поранешниот шеф на дипломатијата Денко Малески, пак, смета дека посетата на холандскиот премиер е поддршка за почеток на преговори во најкус можен рок и порака дека треба да продолжат реформите за приближување кон ЕУ.
Холандскиот премиер на неодамнешниот самит ЕУ- Западен Балкан во Брдо побара да отпочнат простапните преговорите со земјава.
Ирина Гелевска
