Ковачевски: Граѓаните нема да се соочат со рестрикции
Се зајакнуваат капацитетите на ЕСМ и РЕК Битола, информира привиот човек Ковачевски. Уверува дека граѓаните нема да се соочат со рестрикции. Ковачевски тврди- пазарот на електрична енергија ќе се стабилизира. Повеќе пари ќе има за енергетските компании, но и помош за граѓаните преку планот за енергетска сиромаштија...

Граѓаните нема да се соочат со рестрикции, тврди првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски по прогласувањето енергетска кризна состојба. Тој уверува дека до декември во функција ќе бидат ставени сите капацитети, што подразбира дека ќе профункционираат трите блока на РЕК Битола. Со тоа, Ковачевски очекува да се стабилизира состојбата.
Преку набавка на мазут, ќе се стави во употреба и ТЕЦ Неготино. За ТЕЦ Осломеј се договоренитее 130 од планираните 300 илјади тони јаглен.
Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ реагираат дека наместо да се произведува, Владата купува скапа струја на светските берзи, што граѓаните ги чини многу пари.
Владата појасни дека енергетската криза има цел да ги заштити граѓаните, да обезбеди повеќе пари за енергетските компании, но и помош за социјално ранливите преку планот за заштита од енергетска сиромаштија.
Дијана Ценевска
