Ковид-19 забрзано се шири во Битола
Битола во последниве недела дена е со репродукциски коефициент 2 или блузу двојно поголем од оној што важи за ковид преносливоста на државно ниво, вели универзитетскиот професор Дејан Трајковски. До напролет или крајот на овој бран, бројката на вкупно дијагностицирани предвидува да се движи помеѓу 245 и 280 илјади лица. До истиот период поради недоволниот процент на имунизираност, очекува уште околу 1.500 смртни случаи...

Со репродукциски коефициент два последните денови ковид преносливоста во Битола е најсилна. Вчерашните 86 новодијагностцирани говорат дека рекордот од 120 новозаболени евидентиран во средината на април многу брзо ќе биде надминат вели универзитетскиот професор Дејан Трајковски. На најновиот изработен дијаграм се гледа дека и на државно ниво стапката на позитивни тестови се зголемува. Сепак математичките операции укажуваат дека дневната бројка на новозаболени нема да надмине 1.000.
Единствена светла страна е што просечниот репродукциски коефициент на ниво на држава изнесува 1,15 што нуди извесно олеснување, вели битолскиот универзитетски професор.
Можеби нема да бидат преполнети болниците, но за жал поради актуелниот опфат на населението со масовната имунизација, дијаграмите навестуваат до крајот на овој бран уште околу 1.500 смртни случаи.
При евентуален влез на новиот Делта плус сој, тој вели дека бројката на вкупно дијагностицирани би била поголема за околу 25.000 лица.
Инаку, до овој момент во битолскиот ковид- центар се хоспитализирани 45 пациенти, главно со потешка клиничка слика.
Стевче Митревски
