Скопје

Оштетен автомобилот на Јанчева, Муцунски го осуди вандализмот

10.11.2021 16:32

Оштетен автомобилот на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Таа на прес- конференција обвини дека со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во Аеродром, се вратиле, како што рече, и режимските методи. Градоначалникот Муцински го осуди вандализмот и посочи дека досега неколкупати реагирале до полицијата да го зголеми присуството на терен во оваа општина...

Оштетен автомобилот на претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Таа вели, на паркингот пред нејзината зграда го затекнала автомобил со пурпена на вратите и багажникот. Настанот го пријавила во полиција, а за вандалискиот чин ги обвини ВМРО- ДПМНЕ, бидејќи како што рече, слични инциденти почнале да се случуваат откако станала претседател на општинската организација на СДСМ во Аеродром.

Градоначалникот на Аеродром Муцунски го осуди вандалскиот чин. Небезбедноста во општината вели е поради непостапувањето и негрижата на Министерството за внатрешни работи. Тврди дека до МВР испратил два дописи, но не добил никаков одговор.

Муцунски заедно со новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска најавија изградба на нов парк, за кој како што рекоа ќе биде втор по големина во Скопје. Арсовска информираше дека на оваа локација која била дива депонија, а веќе се расчистува, наредната година на 100.000 квадратни метри ќе почне градбата на паркот.

Меѓу првите одлуки на Арсовска е и онаа за раскинување на договорот за новогодишното украсување на Скопје, вредно 243 илјади евра, кој го склучил нејзниот претходник Шилегов.

Викторија Милевска