Доверба на Владата
Иницијативата останува, ревидиран списокот на потписи
10.11.2021 16:57
Иницијативата за доверба на Владата останува, Деловникот дозволува технички корекции за помал број потписи, но за повеќе гласови, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Утре во Собранието гласање за доверба на Владата...

Утре во Собранието треба да се одржи седницата за гласање доверба на Владата. Иницијативата останува, но со ревидиран список на потписи, што, според ВМРО-ДПМНЕ го носи потребниот број гласови за пад на Владата. Измените доаѓаат по резервата којашто ја имаше пратеникот Скендер Реџепи за стоењето на неговиот потпис до оние на колегите од Левица. Реџепи попладнево, заедно со лидерот на Алтернатива, Гаши, информираа дека проблемот е надминат и четворицата пратеници на оваа партија ќе гласаат за недоверба на Владата.
Марина Стојанова- Тонева
