Посета

Руте пристигна во Скопје, во тек средба со Заев

10.11.2021 16:47

Претходно, на скопскиот аеродром, Руте беше пречекан од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Претседателот на Владата на Кралството Холандија Марк Руте попладнево пристигна во прва посета на Северна Македонија. Тој е пречекан со највисоки државни почести. Во тек е средба во Владата со премиерот Зоран Заев.

Претходно, на скопскиот аеродром, Руте беше пречекан од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Посетата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, се одвива во духот на добрите билатерални односи меѓу Холандија и Северна Македонија, но и во контекст на заложбата од холандска страна за безусловен почеток на пристапните преговори со Европската Унија што е афирмирана и на Самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во Брдо, Словенија.