Во Собранието седница за гласање доверба на Владата
Во Собранието треба да се одржи седница за гласање доверба на Владата. Иницијативата останува, но со ревидиран список на потписи, што, според ВМРО-ДПМНЕ го носи потребниот број гласови за пад на Владата...

Во Собранието треба да се одржи седница за гласање доверба на Владата. Иницијативата останува, но со ревидиран список на потписи, што, според ВМРО-ДПМНЕ го носи потребниот број гласови за пад на Владата.
Измените доаѓаат по забелешката што ја имаше пратеникот Скендер Реџепи за стоењето на неговиот потпис до оние на колегите од Левица.
Реџепи попладнето, заедно со лидерот на Алтернатива, Гаши, информираа дека проблемот е надминат, и четворицата пратеници на оваа партија ќе гласаат за недоверба на Владата.
Од кабинетот на спикерот Џафери потврдија дека го примиле дописот со којшто се повлекле 17 потписници, меѓу кои е и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
