МИГРАНТИ
Седница на Советот за безбедност на ОН за мигрантите во Полска
11.11.2021 09:48
Состојбата ескалираше кога владите на Полска и Литванија прогласија вонредна состојба. ЕУ го обвини Минск за организирање на карваните и најави прошоирување на санкциите.

Седница на Советот за безбедност на Обединетите Нации за новата мигрантска криза во Европа. Полските власти приведоа десетици лица кои насилно се обидиа да ја преминат источната граница со Белорусија.
Состојбата ескалираше кога владите на Полска и Литванија прогласија вонредна состојба. ЕУ го обвини Минск за организирање на карваните и најави прошоирување на санкциите.
Германската канцеларка Ангела Меркел вчера му телефонираше на рускиот претседател Владимир Путин и побара од него да го искористи своето влијание врз белорускиот лидер Александар Лукашенко.
