ГЛАЗГОВ

Кина и САД со заеднички план за намалување на стакленичките гасови

11.11.2021 10:27

Кина и Соединетите Американски Држави потпишаа декларација за соработка за намалување на емисиите на стакленички гасови во следната деценија која се смета за клучна за борбата против климатските промени.

Историски договор на самитот во Глазгов. Кина и Соединетите Американски Држави потпишаа декларација за соработка за намалување на емисиите на стакленички гасови во следната деценија која се смета за клучна за борбата против  климатските промени.

Според научниците, ова е неопходно за да се намали глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови. Двете страни признаваат дека постои јаз меѓу досегашните напори и Парискиот договор, поради што ќе ги здружат силите.