Собрание

Почнa седницата за доверба на Владата, СДСМ и ДУИ не присуствуваат

11.11.2021 11:30

На седницата присуствуваат 61 пратеник, но претседателот на Собранието Талат Џафери ја напушти седницата бидејќи не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели да ја води седницата по што даде десет минути пауза...

Во Собранието почна седницата на која најдоцна пред полноќ треба да се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев. Иницијативата за гласање доверба на Владата со 61 потпис ја поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Беса, која беше во коалиција со СДСМ.

По реакција на пратеникот Скендер Реџепи Зејд од Алтернатива, својот потпис вчера од иницијативата ги повлече претседателот на Левица Димитар Апасиев, но и 16 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата присуствуваат 61 пратеник, но претседателот на Собранието Талат Џафери ја напушти седницата бидејќи не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели да ја води седницата по што даде десет минути пауза.

На седницата присуствуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Беса и Левица. Меѓу нив се и двајца пратеници кои се изолација поради Ковид-19, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелика Петкова.

Присутен е и премиерот Зоран Заев и другите членови на Владата. На седницата не присуствуваат пратениците од СДСМ и од ДУИ.