Штајех: Само дводржавно решение ќе го оконча апартхејдот
Тој го обвини премиерот на Израел, Нафтали Бенет за, како што вели, „трите НЕ“, односно неприфаќање на состанок со палестинскиот претседател Махмуд Абас, неприфаќање на мировните преговори и неприфаќање на палестинска држава.

Палестинскиот премиер Мохамад Штајех предупреди дека израелското одбивање на решението за дводеценискиот спор по моделот на две држави би можело да го одржи системот на апартхејд и да доведе до создавање на една држава во која би се загубил еврејскиот карактер.
Тој го обвини премиерот на Израел, Нафтали Бенет за, како што вели, „трите НЕ“, односно неприфаќање на состанок со палестинскиот претседател Махмуд Абас, неприфаќање на мировните преговори и неприфаќање на палестинска држава.
Новата влада на Израел е составена од левичарски, центристички и ултрадесничарски партии, како и една мала арапска партија, вклучувајќи и противници на палестинската државност.
