Ковид-19 се шири меѓу младите во Гевгелија
Расте бројот на новоифицирани млади лица во Гевгелија. Лекарите загрижени, апелираат до Комисијата за заразни болести да препорача нови мерки...

Гевгелискиот епидемиолог д-р Олумчев загрижен за забележителниот раст на новоинфицирани со Ковид-19 во последните две седмици, каде таргет е младата популација. 20 проценти од заболените се млади. За разлика од минатата година кога бројот на инфицирани млади беше речиси незабележителен, сликата оваа година е поразлична, што поради поголемата вирулентост на вирусот, така и поради недисциплината кај младите.
Д-р Олумчев, смета дека Комисијата за заразни болести на закажиот состанок пожелно е да препорача нови мерки.
Според симптоматологијата на вирусот, лекарите, па дури и министерот за здравство не очекуваат некој посебен удар врз здравствениот систем, со зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти, со оглед на фактот што вакцинацијата оди во нагорна линија.
Бројот на нови случаи со Ковид-19 во целиот југоисточен регион во последните две недели расте. Лекарите апелираат до граѓаните за важноста од вакцинацијата, сѐ со цел што побргу да го постигнеме посакуваниот колективен имунитет, а за тоа треба да бидат вакцинирани некаде над 50 отсто од целата популација.
Стојне Митева
