Мицкоски пристигна во Собранието

11.11.2021 13:18

Мицкоски пред медиумите не сакаше да ги коментира последните случувања во законодавниот дом...

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пристигна во Собранието, каде денеска почна седницата, на чиј дневен ред е гласањето недоверба на Владата.

Мицкоски пред медиумите не сакаше да ги коментира последните случувања во законодавниот дом, каде седницата на која треба да се расправа и да се гласа за Иницијативата за доверба на Владата не може официјално да биде отворена и да биде изгласан дневниот ред, бидејќи нема кворум откако беше констатирано дека во салата нема доволен број пратеници.

Пратениците од владејачките партии СДСМ и ДУИ не присуствуваа во салата, а без нив и без Кастриот Реџепи од Беса, кој најави дека нема да учествува на собраниската седница, опозициските пратеници заедно со уште двајцата пратеници од Беса се 60.