И Касами пристигна во Собранието, не е изненаден од одлуката на Реџепи

11.11.2021 13:35

Лидерот на Беса, Kасами рече дека дошол во Собранието за да види што се случува.

Во Собранието предмалку пристигна и претседателот на Беса, Билал Касами, кој веќе не е пратеник, туку градоначалник на Тетово. Претходно во Собранието пристигна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По веста дека опозицијата нема кворум за усвојување на дневниот ред на денешната седница, на која требаше да се расправа за доверба на Владата, Kасами рече дека дошол во Собранието за да види што се случува. На прашање на новинарите дали е изненаден од одлуката на Реџепи, изјави дека не е изненаден од ништо.