Собрание

Собранието на уште еден час пауза, Апасиев побара Џафери да ја води седницата

11.11.2021 13:55

Деловникот познава две ситуации, отсуство и спреченост на претседателот на Собранието. Ние како што успеавме да видиме, самиот претседател на Собранието ниту e спречен, ниту отсутен, па така барам еден час пауза, за да се врати тој и да продолжи седницата, истакна Апасиев.

Барам Талат Џафери да се врати на седницата и да ја води, така е по собранискиот Деловник, рече во процедурално барање пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и побара еден час пауза, што беше одобрено од потпретседателот на Собранието.

Деловникот познава две ситуации, отсуство и спреченост на претседателот на Собранието. Ние како што успеавме да видиме, самиот претседател на Собранието ниту e спречен, ниту отсутен, па така барам еден час пауза, за да се врати тој и да продолжи седницата, истакна Апасиев.

Ова е веќе втора пауза по ред од еден час, откако претходно пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, исто така бараше едночасовна пауза.