КОВИД-19

Заврши скринингот во велешко- двајца позитивни од 253 тестирани ученици

11.11.2021 14:13

Од 253 тестирани ученици од основното и средно обраозвание од велешко, кај двајца основци скринингот покажал дека се позитивни. Еден ученик на 17- годишна возраст е хоспитализаран на Инфективно одделение во велешка болница...

Заврши скринингот за присуство на Ковид-19 кај учениците од велешко. Од тестирани 253 ученици од основното и средно образование, кај двајца ученика било констатирано дека се позитивни. Тоа биле ученици од училиштата во Градско и Горно Оризари. Тестирањата биле извршени според план добиен од Министерството за здравство.

Тестирањата биле извршени по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите на учениците. Во велешко немало случај некој да не прифати да детето биде тестирано. Најголем дел од младите, вирусот Ковид-19 го поминуваат без симптоми, и истите се препознаени како трансмитери на вирусот, сметаат здравствените работници. Во велешка болница на Инфективно одделение има 17 годишник, ученик во трета година, кој е на лекување.

Во велешко меѓу 360-те активни случаи на лица со Ковид-19 има и дваесетина ученици од основното и средно образование. Во основните и средни училишта во велешко настава посетуваат 6.500 ученици.

 

Петар Печков