Источниот регион од државата најпогоден од сиромаштија
Кризата предизвикана од пандемијата и на глобално ниво и кај нас најмногу ги погоди луѓето кои и претходно се соочуваа со сиромаштија. Статистиката за 2019-та вели дека во Македонија 35 насто од населението живеело во ризик од сиромаштија. За минатата година податоците не се објавени, но се смета дека процентот е поголем...

Високите цени на храната и енергенсите најсилно ги чувствуваат најсиромашните, но и добар дел од населението кое официјално не е во оваа група. Субвенциите за сиромашните се мали и не го решаваат проблемот, сметат од Македонската платформа против сиромаштија.
Сѐ потешко е да се купи доволно храна и да се платат сметките, велат граѓаните, сиромаштијата ни удара на врата.
И пред кризата источниот важеше за регион со најголема сиромаштија. Губењето на работните места и иселувањето уште повеќе ја влошија состојбата.
И државата и општините треба да го зголемат буџетот за помош на ранливите категории, сметаат од Платформата против сиромаштија и според нив поголем ефект ќе има директното работно ангажирање на сиромашните граѓани во пружањето на општинските сервиси.
Славица Величковска
