Собрание

Седница за гласање доверба на Владата, проблем да се обезбеди потребниот кворум

11.11.2021 14:54

Во Собранието денеска се одржува седница за гласање доверба на Владата. Од почетокот предлагачите се соочија со обезбедување на потребниот кворум за работа на законодавниот дом...

Во Собранието седница за гласање доверба на Владата, но опозицискиот блок иако најавуваше, не го обезбеди потребното мнозинство од 61 пратеник за кворум.

Иако се потпиша на иницијативата, пратеникот Кастриот Реџепи од Беса се предомисли. Преку својот Фејсбук профил информира дека нема да дојде во Собранието. Вели дека имало сигнали за датум за преговори во декември за Македонија, па поради тоа нема да гласа за уривање на власта. Спикерот Џафери се повлече од претседателската позиција, бидејќи како што рече, не ја поддржува иницијативата.

Во законодавниот дом во скафандери се појавија и двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и Ангелина Петкова, кои се позитивни на Ковид-19 и се во изолација.

Лидерот на Беса кој дојде во Собранието, вели дека не е изненаден од одлуката на неговиот сопартиец.

Пред почетокот на пленарката изјави на дел од пратениците за нивните очекувања. Алијанса и Алтернатива цврсти во ставот- Владата е недемократска и мора да замине од политичката сцена. Независниот Рамчиловиќ пак вели- и ова е демократија. Сепак, дава поддршка на Владата и премиерот Заев.

Во меѓувреме во салата процедурални барања и одложувања на седницата. Апасиев го повика Џафери да претседава со седницата.

Од опозицискиот блок не се откажуваат. Велат дека Владата ќе добие црвен картон.

 

Анита Димитријевска Велковска