Македонија

Тетово: Запрени проекти започнати во предизборието

11.11.2021 15:09

Новиот градоначалник Биљал Касами ги сопре проекти во Тетово започнати од Теута Арифи, претежно во предизборниот период. Имало жалби и поплаки за градење беза стандарди. Луѓе од новата општинска администрација денеска излегоа и на лице место да ги утврдат пријавените неправилности...

Градежна механизација веќе неколку дена стои паркирана на двете улици, кои водат од центарот на градот до Клиничката болница. Коловозите раскопани, на некои места тампонирани, се чека поставување на асфалт. Кога ќе продолжат работите ќе одлучи новата локална власт.

Градоначалникот Касами побарал од Секторот за општински дејности и заштита на животната средина да се прекинат сите работи кои се во нивна надлежност. Освен за патишта, станува збор и за канализациона и водоводна мрежа.

Во предизборниот период се создаде голем урбан и сообраќаен  хоас, поради започнување на повеќе инфраструктурни проекти. Сега наместо што поскоро да се реалзираат тие се стопираат, дополнително оневозможувајќи го нормалниот проток, пред сѐ на возилата, реагираат тетовци.

Луѓе од новата општинска администрација денеска излегоа и на лице место да ги утврдат пријавените неправилности. Таму каде што ќе се забележат, ќе се преземат соодветни мерки согласно законот , а за останатите инфраструктурни проекти работите ќе продолжат се надеваме што поскоро, посочија од локалната самоуправа.

Зоран Димовски