Македонската економија со раст од 4%
До крајот на годината се очекува раст на БДП од 4 проценти, инфлацијата ќе достигне 3,3 насто, покажуваат есенските економски прогнози на Европската комисија. Економското закрепнување се одвива добро со зајакнување на домашната и странската потрошувачка. Напредокот се очекува постепено да продолжи и во 2022-ра и 2023-та година. Советуваат постепено враќање кон фискалната консолидација и намалување на јавниот долгот под 60 проценти.

До крајот на годинава се очекува раст на БДП од 4 проценти, инфлацијата ќе достигне 3,3 насто, покажуваат есенските економските прогнози на Европската комисија. Економското закрепнување се одвива добро со зајакнување на домашната и странската побарувачка. Напредокот се очекува постепено да продолжи и во 2022-ра и 2023-та година. Како ризици за позитивните изгледи за раст се наведуваат продолжувањето на пандемијата на Ковид-19, забавувањето на темпото на вакцинација и евентуалните рестриктивни мерки.
Потребно е поттикнување на вработувањето, а до 2023-та се очекува и намалување на инфлацискиот притисок. Според извештајот на Европската комисија потребите за финансирање за амбициозните нови планови за јавни инвестиции на Владата и продолжената имплементација на антикризните мерки ќе донесат голем фискален дефицит. Велат, во последните години владата тешко ги реализира капиталните проекти.
Според извештајот, јавниот долг на земјава ќе расте до 2025-та година. Советуваат постепено враќање кон фискалната консолидација и намалување на долгот под 60 проценти. Велат, потребно е поефективно прибирање на даноците, подобрување на софтверот во УЈП и проширување на даночната база.
Сунчица Николоска
