Свет

Чешка: Владата на Андреј Бабиш поднесе оставка

11.11.2021 15:45

Владата сепак ќе управува со Чешка сѐ додека победникот на изборите не формира нов кабинет...

Владата на Андреј Бабиш по исходот од парламентарните избори, поднесе оставка.

„Го одржав ветувањето дека ќе бидеме рекордери во брзината на поднесувањето оставка на владата. Бевме поразени на избори и одиме во опозиција. Ќе работиме до последен момент ништо да не запоставиме“, рече Бабиш.

Владата сепак ќе управува со Чешка сѐ додека победникот на изборите, Коалицијата на конзервативците, демохристијаните и либералите заедно со Коалицијата на пиратската партија и независни градоначалници Стан не формира нов кабинет.