Македонија

Прилеп: Кризите секојдневие, економијата и здравјето клучни

11.11.2021 15:49

Кризите за граѓаните, за жал станаа секојдневие. На ковид- кризата се додадоа енергетската и политичката. За граѓаните приоритет се здравјето и економијата. На политичарите речиси не им веруваат. Еконмските експерти со приоритетни предлог-мерки...

Ковид- криза, енергетска, политичка. Кризите како магичен круг во животот на граѓаните. Како да се стигне до нормалното? Која прво да се решава? Граѓаните помалку иронични: не се знае која криза е приоритетна за решавање. Мислењето е поделено на здравјето и економијата. На политичарите речиси престанаа да им веруваат. Ама и тоа е врзано.

Економијата пред нови предизвици. Покрај ковидот, ја има енергетската криза која може дда доведе до инфлатрони влијанија. Според експертите, некои мерки дадоа резултат во пандемијата, сега мора да се внимава на цените на енергенсите, да се бараат алтернативи, да продолжат мерките за поддршка, да се мисли, сепак, на инвестициите.

Не занемарувајќи ја пандемијата, граѓаните сакаат позитивното мислење да го зачува менталното здравје.

Кризите не им се туѓи на граѓаните. Сакаат луѓе кои имаат волја да ги решаваат.

Елизабета Митреска