Неизвесна седницата за доверба на Владата
Неизвесна седницата за доверба на Владата. Пратениците од опозицијата не успеваат да обезбедат 61 пратеник за да почне постапката. Недостига Кастриот Реџепи од Беса, на Фејсбук соопшти- му биле важни евроатлантските процеси. Лидерот на Беса, Касами вели дека не знаат каде е Реџепи. Кои се следните потези на ВМРО-ДПМНЕ, останува да се види...

Во Собранието седница за гласање доверба на Владата, но опозицискиот блок иако најавуваше, не го обезбеди потребното мнозинство од 61 пратеник за кворум.
Иако се потпиша на иницијативата, пратеникот Кастриот Реџепи од Беса се предомисли. Преку својот Фејсбук профил информира дека нема да дојде во Собранието. Вели дека имало сигнали за датум за преговори во декември за Македонија, па поради тоа нема да гласа за уривање на власта.
Спикерот Џафери се повлече од претседателската позиција, бидејќи како што рече не ја поддржува иницијативата. Во салата не влегоа ниту пратениците на СДСМ и ДУИ. Чекаа ВМРО-ДПМНЕ и партнерите да си обезбедат мнозинство.
Во законодавниот дом во скафандери се појавија и двајцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се позитивни на Ковид-19 и се во изолација.
И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во законодавниот дом. На прашањето за можната замена на Кастриот Реџепи, Мицкоски постави контрапрашање: „За современиот Амди Бајрам, нека му е лесна земја“.
Лидерот на Беса кој дојде во Собранието вели дека не е изненаден од одлуката на неговиот сопартиец.
Пред почетокот на пленарката изјави на дел од пратениците за нивните очекувања. Алијанса и Алтернатива цврсти во ставот- Владата е недемократска и мора да замине од политичката сцена.
Независниот Рамчиловиќ пак вели- и ова е демократија. Сепак, дава поддршка на Владата и на премиерот Заев.
Во меѓувреме во салата процедурални барања и одложувања на седницата. Апасиев го повика Џафери да претседава со седницата.
Од опозицискиот блок не се откажуваат. Велат дека Владата ќе добие црвен картон.
Анита Димитријевска- Велковска
